Во Уругвај се одржуваат претседателски и парламентарни избори

Од:

Граѓаните на Уругвај денеска излегуваат на бирачките места за да го изберат новиот претседател и новиот состав на парламентот, при што главната битка се води меѓу владејачката левичарска коалиција „Широк фронт“, предводена од претседателот во заминување Хосе Мухика и младиот кандидат од десниот центар, кој вети дека доколку победи ќе го укине неодамна воведениот закон за либерализација на мнарихуаната.

Мухика (79), кој не се кандидираше на изборите затоа Што уставот не дозволува една личност да ја предводи државата во два последователни мандати, го поддржа својот претходник Табаре Васкес (74).

За време на речиси еднодецениската власт на Васкес и Мухика, Уругвај забележа силен економски раст, а Мухика ги легализираше абортусот, истополовите бракови и производството, дистрибуција и продажба на марихуана, пренесува Танјуг.

Иако изгледаше дека левичарската коалиција „Широк фронт“ ќе однесе лесна победа, тоа веќе не е толку извесно откако на партиските избори на Националната партија неочекувано победи Луис Лакаље Поу (41), а неговата популарност оттогаш расте, пред се поради се поголемото незадоволство на граѓаните на Уругвај од либералните реформи кои ги спроведува левицата.

Анкетите покажуваат дека на денешните избори Васкес ќе освои меѓу 43 и 46 отсто од гласовите наспроти 31 до 33 отсто од гласовите кои се очекува да ги добие неговиот млад ривал. Но тоа значи дека Васкес нема да победи во првиот круг, а аналитичарите најавуваат изедначена борба во вториот круг од гласањето.

Уругвајците денеска гласаат и за нов состав на парламентот, а се очекува дека мнозинството нема да го освојат ниту „Широк фронт“ ниту Националната партија, што претпоставува дека на следниот претседател ќе му биде многу потешко да ги носи саканите закони.

Би можело да ве интересира

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

Поради сушата во Уругвај, милиони граѓани останаа без вода за пиење

Црногорците кои беа уапсени во Уругвај со 489 килограми кокаин добија притвор до 120 дена

Горан Наумовски

Црногорци во Уругвај се притворени поради шверц на кокаин

Уругвај: Уапсени четири лица по заплена на 6 тони кокаин

Ана Ололовска

Втор круг претседателски избори во Уругвај