ЛП: Потребна е акција од МВР за заштита на ЛГБТ заедницата

Од:

ЛИБЕРАЛНАТА ПАРТИЈА се надеваше дека 48 часа по нападот врз припадници на ЛГБТИ заедницата и граѓански активисти во објектот „Дамар“ во Старата чаршија во Скопје, МВР ќе излезе со сознанија за насилниците.

Нападот во „Дамар“ е уште еден напад врз различните од себе. Познато е дека истите целни групи се неколкукратна мета на напади – и физички и вербални – проследени со говор на омраза од страничните медиумски промотери на власта. За жал, врвен дострел на власта и ВМРО-ДПМНЕ вчера беше рутинско соопштение.

Според ЛИБЕРАЛНАТА ПАРТИЈА, осудата на насилството не е доволна, туку потребна е акција или, доколку таа отсуствува, потребна е одговорност.

Затоа, ЛИБЕРАЛНАТА ПАРТИЈА бара МВР да информира кого идентификувало преку безбедносните снимки од системите што ги поседува: доколку нема податоци – да одговори зошто скапите системи за надзор не функционираат, а ако такви снимки поседува – да одговори и истражи кој и зошто ја спречувал истрагата. Во земја во која е јасно дека политички лидери од опозицијата биле мета на посебни истражни мерки, за непостоење или запоставување на видео-надзор во случајов не може да стане ниту збор.

ЛИБЕРАЛНАТА ПАРТИЈА укажува дека овој напад, инцидентите во Старата чаршија во текот на оваа година и физичките пресметки што подолг период се случуваат на постојките и во автобусите ширум Скопје зборуваат за опаѓањето на безбедноста на граѓаните во Град Скопје. Бидејќи МВР не е статистичко биро, непронаоѓањето на сторителите и на ова дело ќе биде уште еден доказ дека МВР и власта се
набљудувачи и, со тоа, соучесници во влошувањето на безбедноста на граѓаните во Скопје и воопшто во земјата.

Би можело да ве интересира

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

A1on