ФОТО: Втор ден Моден викенд Скопје

Од:

Манекенки кои се движат „во лавиринт“, облечени во најновата колекција на дизајнерката Александра Митковска под етикетата „Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska“ поддржана од Nescafe Dolce Gusto , ја одбележија втората вечер на десеттото издание на Моден викенд Скопје, синоќа во клубот „Станица 26“.

Митковска традиционално презентира колекција за сезона однапред па така овој пат презентираше модели за пролет/лето 2015 година. Колекцијата се состои од маички, сукњи, мантили , панталони и фустани на кои се принтови од фотографското творештво на режисерот Милчо Манчевски.

„ Инспирацијата за моделите произлезе од неколку фотографии на Манчевски. Оваа колекција е прототип од креации кои ќе се произведуваат сериски следната сезона. Продолжувам да го негувам мојот препознатлив моден сензибилитет. Боите кои преовладуваат овојпат се светло сина, окер и шаренило од бои“, вели Митковска.

За музиката на ревијата беше задолжена ди-џејката Силвиа Катаста од Италија. Катаста која допатува во Скопје за ревијата на Митковска, е музичарка позната по својата соработка со познати светски имиња како и работата на филмска музика.

Денеска во клубот „Станица 26“ , со почеток во 12 часот, ќе се одржи семинар на тема „Современи движења во модата: трендови, продажба,блогирање“, на кој ќе предаваат Роберт Кавел-Кларк, Ребека Рој и Кендал Робинс од В. Британија, како и новинарките Ана Несторовска и Катерина Трајановска од модниот онлајн-магазин Stylist.mk.

Семинарот е дел од едукативната и бизнис програма во рамките на Моден викенд Скопје, организирана во соработка со Британски совет во Македонија и Министерството за култура на Р.Македонија.

271A7702

271A7824

271A7779

271A7639

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски