Судири во Бенгази: Воената полиција ги нападна базите на вооружените групи

Од:

Најмалку четири лица загинаа, откако воената полиција и демонстрантите се судрија со вооружените групи за да ја превземат нивната база, пренесува Би-Би-Си. Насилството изби еден ден откако десетици илјади демонстранти побараа крај на вооружените групи.

Пресметката се одржа во просторот на базата, која се смета за главна потпора на исламистичка организација Ансар ал-Шарија за која се сомнева дека стоји зад нападот на американскиот конзулат во Бенгази кога на 11.09.2012. беше убиен американскиот амбасадор Кристофер Стивенс.

Вооружениот судир наводно траел неколку часа во кој биле користени и проектили. Најмалку 20 лица беа повредени. Не е сосема јасно како “група демонстранти” ги нападна вооружените милитанти, но новинарот на АФП истакнува дека “демонстрантите” упаднале во една зграда и заплениле оружје. Што навистина се случува на теренот не е сосема јасно, очигледно е дека една од групите на милитанти, Сахати бригадата, директно се поврзани со Министерството за одбрана во Триполи. Покрај тоа, од Триполи им порачуваат на “демонстрантите” дека мора “да се прави разлика помеѓу милитантите отпадници и бунтовничките бригади кои минатата година се бореа против Гадафи”.

Информациите кои ги пласираат CNN и другите медиуми говорат за “над 30.000 продемократски демонстранти” кои наумија да му покажат на светот што е “вистинска Либија.” Ако е ова точно , тоа ќе биде добра вест. Но, сето она што се случува во последните неколку дена наликува на ПР кампања во која САД се обидува по секоја цена да избегне оптужба на своја сметка – дека хаосот во Либија, е директен производ на нивната воена интервенција 2011година.

Интересно е да се напомене дека кога се одржува некој вид на “про” протестите, обично се гледаат и знамиња на тие земји / групи, како пример бројните руски и кинески знамиња за време на про-владините протести во Сирија. На овие “проамерикански” протести во Бенгази американското знаме допрва треба да се најде, но затоа во позадина е видлива тробојката на сириските бунтовници.

Самите милитанти кои беа нападнати утринава во Бенгази тврдат дека нема докази дека тие стојат зад убиството на американскиот амбасадор. Тие истакнаа дека американскиот амбасадор бил убиен од “лојалистите на Гадафи “, и имаат видео докази за да го потврдат ова.

Во слики од Твитер е прикажан многу поголем број на луѓе:

Сепак, од раните утрински часови на насловните страници на сите меѓународни медиуми се врти неверојатна приказна за тоа како “демонстрантите” тргнаа во борба против анти-американските сили во Бенгази. Гардијан уште пишува дека “циниците велат дека Америка се обидува да ги минимизира убиствата.” Ја пренесуваат изјавата на еден либиски Американец, кој ги коментира настаните од утринава: “.. Какви демонстрации? Немаше никакви демонстрации. Пристигнаа со автоматско оружје и ракети”.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски