Тодоров: Македонски лекари ќе се обучуваат на Универзитетската болница во Виена

Од:

Министерот за здравство Никола Тодоров и Маркус Милер, продекан од Медицинскиот универзитет во Виена, денеска потпишаа Меморандум за соработка кој треба да овозможи македонски лекари да се обучуваат во Виена, но и тамошни лекари да дојдат во Македонија и да обучуваат лекари во нашите болници.

Се очекува првите лекари од Македонија да заминат на обука во Австрија на почетокот на наредната година.

– Универзитетскиот медицински центар АКХ Виена е една од најпрестижните Универзитетски болници во Европа. Со овој меморандум овозможуваме испраќање наши лекари на едукација овде во овој престижен медицински центар, но исто така се дава можност доктори од овој престижен медицински центар да доаѓаат во Република Македонија и да вршат обука на нашите лекари, изјави министерот Тодоров по средбата.

Тој очекува дека соработката меѓу македонското Министерство за здравство и АКХ Виена врз основа на овој Меморандум ќе започне многу скоро и оти веќе од почетокот на наредната година ќе можепрвите македонски лекари да бидат испратени на обука во Виена.

Проф. др. Маркус Мулер истакна дека му е задоволство што е домаќин на министерот Тодоров и неговиот тим,

– Штотуку поптишавме Меморандум за соработка за размена на медицински персонал и се надевам плодни идеи, истакна Мулер по потпишувањето на Меморандумот.

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска во рамки на работната посета на Виена, се сретна со генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Јукија Амано.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот