• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Почна вакцинацијата против сезонски грип во Куманово

by А1он24/10/2014 - 12:56117
Share0

Почна имунизацијата против сезонски грип во Куманово, набавени се 1.500 дози, информираат надлежните од Центарот. Оваа количина речиси е идентнична како и претходните години и ги опфаќа шестте општини од североисточниот регион.

Добивај вести на вибер

– Интересот за имунизација е исклучително висок. Ги повикуваме лицата од ризичните групи како што се хронично болните, лицата со кардиоваскуларни заболувања, заболени од дијабет, со намален имунитет, навреме да се вакцинираат, изјави доктор Јадранка Стаменковска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.

Општ лекарски преглед е задолжителен и се спроведува непосредно пред да се прими вакцината.

– Ако лицата имаат акутни инфективни заболувања, тогаш имунзацијата се одложува, објаснува доктор Стаменковска.

Центарот за јавно здравје ќе работи секој работен ден и во сабота. Минатата година, соопштуваат надлежните, вакцина примиле 1.500 граѓани од кои најголем процент се од повозрасната популација.

Цената и оваа година е 400 денари, а лицата кои денеска се вакцинираа, велат дека се задоволни од ефектите.

Имунизацијата против грип се спроведува во октовмри и ноември, објаснуваат лекарите, поради навремено стекнување отпорност на организмот пред сезоната на грип.

kumanovo

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Горан Наумовски15/01/2026 - 16:14

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он12/01/2026 - 15:5912/01/2026 - 15:57

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски11/01/2026 - 14:1311/01/2026 - 14:21

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он28/12/2025 - 12:4228/12/2025 - 12:43

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски26/12/2025 - 15:3626/12/2025 - 17:26

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Горан Наумовски14/12/2025 - 14:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен