Сегашните односи меѓу Израел и Палестинците се неодрлживи и САД ја осознаваат неопходноста од итни дејствија, изјави американскиот државен секретар Џон Кери. Тој говореше на заедничка прес-конференција со германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер-Штајнмаер во Берлин денеска.
– Неопходно е да се најде начин да се преговара и САД ќе продолжат да вложуваат напори во таа насока, рече Кери.
Осврнувајќи се на текот на преговорите со Иран, во однос на неговата нуклеарна програма, тој ги отфрли тврдењата дека владата на Обама може да се обиде да склучи зделка со Техеран зад грбот на Конресот.
Тој додаде дека тој и претседателот Обама се убедени дека Конгресот ќе игра важна улога по тоа прашање.