Вкупно 13 лица се осудени во Саудиска Арабија на казни затвор во траење до 30 години, под обвинение за планирање напади врз американски војници во Катар и Кувајт.
Осудените биле дел од 41-члена терористичка група. Меѓу осудените се и по еден државјанин на Катар и на Авганистан.
Пресудите се изречени од саудискиот Антитерористички суд во Ријад.
Катарецот, претставен како шеф на терористичката група е осуден на 30 години затворк, додека Авганистанецот е осуден на пет години. Другите обвинети се осудени на казни од 18 месеци до 25 години затвор.