А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Тетово Фестивал на новиот германски филм

by А1он21/10/2014 - 15:35114
Share0

Во Тетово 10-та година по ред ќе се одржи Фестивалот на новиот германски филм од утре до петок, при што ќе бидат прикажани 5 нови германски филмови произведени во текот на минатата и оваа година.

Добивај вести на вибер

Според Бујар Љума, од невладиниот Центар за балканска соработка „Лоја“ од Тетово, фестивалот се организира заедно со Амбасадата на Германија во Скопје.
– Фестивалот на новиот германски филм станува културно обележје на Тетово и „Лоја“ со задоволство е партнер на германската амбасада во неговата реализција сите овие десет години, изјави Љума.

Според Хелга Тајпел од одделението за култура при германската амбасада нивните напори за изградба на добар темел за културна и друга соработка помеѓу Македонија и Германија како врвно достигнување го има фестивалот на новиот германски филм.

– Германија има доста голема филмска продукција и не е лесно да се направи најдобриот избор но сметам дека со одбраните филмови ќе го привлечеме вниманието на тетовската публика. Сите филмови се оригинални а ќе се прикажат со превод на македонски и албански јазик, рече Тајпел.

Според најавите на организаторите отворањето на Фестивалот на новиот германски филм ќе се одржи утре во 20 часот со проекција во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ со трагикомедијата „Родители“, додека во четвток и петок ќе бидат проекциите на комедијата „Фак ју Гете“, драмата „Паркот на среќата“, детскиот филм „Рики“ и документарниот филм Германија.

tetovo

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Горан Наумовски08/03/2026 - 13:03

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски03/03/2026 - 13:1203/03/2026 - 13:40

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Горан Наумовски03/03/2026 - 10:28

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски23/02/2026 - 14:0923/02/2026 - 14:12

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 12:36

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:0716/02/2026 - 14:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен