Земјотрес во Охрид и Струга

Од:

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е почувствуван денеска во 12:32 часот во Охрид, Струга и околината.

Земјотресот, според Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет, потекнува од охридското епицентрално подрачје, а неговиот епицентар се наоѓа на 100 километри југозападно од Скопје. Иинтензитетот на земјотресот, според  Европската макро-сеизмичка скал 1998 е четири степени.

Освен вознемиреност кај жителите на Охрид, земјотресот што траеше 4 секунди и беше проследен со бучава, не предизвика материјална штета.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силен земјотрес го погоди Перу, паѓаа ѕидови од згради, има мртви

Серија земјотреси во регионот на подрачјето Пештани-Охрид-Струга

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Охрид

Земјотрес во Црна Гора

Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди Тајван

Земјотрес ја погоди Хрватска