Главната уредничка на неделникот Фокус, Јадранка Костова жали што поголем дел од медиумите не ја објавија веста за помош на весникот. За неа како што рече неразбирливо е како добар дел од медиумите не го објавиле ниту апелот за солидаризација на ЗНМ.
Според Костова голем дел од граѓаните не знаеле дека Фокус се соочува со драконска казна од 9.300 евра, пари кои неделникот ги нема за да му ја надомести душевната болка на директорот на УБК, Сашо Мијалков.
„Мнозинството медиуми не ни ја објавија веста за казната, уште помалку апелот на ЗНМ за отварање на солидарен фонд. Ако тоа не е вест, ако тоа колегите го сметаат дека е нешто нормално и секојдневно навистина е жално за професионалните стандарди. Едноставно голем дел од граѓаните не ни знаат дека сме казнети“, рече Јадранка Костова.