(ВИДЕО) ЗНМ: Собрани поголем дел од парите што Фокус треба да му ги плати на Мијалков

Од:

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани соопшти дека поголем дел од средствата за оштета на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање се собрани. На жиро сметката на здружението парична помош пристигнала како од новинари така и од граѓани.

Селмани посочи дека до потребната сума од 9.300 евра во кој се вкалкулирани и судските трошоци недостига уште малку, а и повика до понеделник сите кои можат да донираат за да се исплати претрпената душевна болка на директорот на УБК. Сашо Мијалков по написите во неделникот Фокус.

„Стануваме се посвесни дека не смееме да дозволиме да се задушува слободата на печатот, затоа што без слободата на печатот не можеме да бидеме слободни граѓани. Ова е голем успех и на новинарите и на ЗНМ. Првата причина зошто е тоа така е зошто зајканува солидарноста помеѓу новинарите а втората е зошто зад новинарите застана македонската демократска јавност“, изјави Насер Селмани.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева