Државите од регионот во Охрид разработуваат стратегија за заштита на животната средина

Од:

Регионална стратегија за заштита на животната средина разработуваат експерти и претставници на институции од државите на Југоисточна Европа на дводневната Годишна средба на директорите на институциите за заштита на природата во ЈИЕ што од денеска се одржува во Охрид.

–   Средбата има за цел детектирање и иницирање заеднички проекти за заштита на животната средина, како и утврдување стратегија од интерес на државите во односната област, истакна министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири.

Тој укажа дека Министерството и сите негови сектори активностите ги насочува кон детектирање на сите проблеми од областа, не само во земјата туку и регионално и глобално, како и утврдување конкретни задачи во насока на исполнување на националната стретегија за заштита на животната средина, како и на директивите и иницијативите што во таа област ги спроведува Европската унија.

Дариј Крајчич, директор на Заводот за заштита на природата на Словенија, истакна дека Македонија поседува значајни природни убавини, посочувајќи дека она што треба да се работи е во насока на нејзино валоризирање, а потоа природата да се искористи како развоен потенцијал.

– Сметам дека во Словенија добро направивме во насока на зачувување на животната средина, преку воведување строга легислатива и изградба на силни институции. Не беше лесно, оттаму што се боревме со инвеститорите, но успевме да создадеме услови и да наметнеме норми кои оневозможуваат реализација на проекти што не ги исполнуваат предвидените еколошки норми, истакна тој.

Состанокот во Охрид е прва средба од ваков тип, замислена како можност преку размена на најдобрите искуства да се придонесе кон јакнење на институциите чии ингеренции е заштитата на животната средина.

– Секоја од државите има позитивни искуства, секоја има свој модел на организирање на заштитата на природата, сите се соочуваме со одредени проблеми. Сето тоа ќе биде презентирано од претставниците на земјите учесници на средбата, со цел да се направи анализа за тоа на кое ниво е заштитата на природата во регионот, како и да се утврдат активностите за во иднина, истакна Борис Ерк, директор на Програмската канцеларија за ЈИЕ при Меѓународната унија за заштита на природата.

Како најважни аспекти на кои треба да се посвети внимание кога станува збор за ефикасна заштита на природата ги нагласи институционализираното организирање на активностите во односната област, како и поголема финансиска поддршка на институците вклучени во заштитата на природата.

– Зачуваната природа значи и стабилна економија во регионот. Одржливиот развој подразбира ускладување на активностите насочени кон заштитата на природата и оние насочени кон економски развој. Тоа не е лесно остварливо, но кога станува збор за заштитата на природата денеска мора да се води сметка за еконокмскито развој, а истовремено кога се работи на економски развој неопходно е да се води сметка за заштита на природата, рече Ерк.

Би можело да ве интересира

Две момчиња се тешко повредени во сообраќајка во Охрид

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со македонисти од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

Предраг Петровиќ

Четворица повредени со сообраќајка во Охрид

Повторно пожар на депонијата „Мауцкер“ кај Охрид

Предраг Петровиќ

Љутков: Во наредниот период Охрид ќе стане центар со 365 денови културен туризам

A1on

Езерската полиција спасила две малолетни лица во водите на Охридското Езеро

Предраг Петровиќ