САД воведоа нови мерки за заштита на медицинскиот персонал од ебола

Од:

Американските здравствени власти, кои беа критикувани поради погрешни чекори кои доведоа до заразување со ебола на две медицински сестри, објавија нови постриктни мерки за заштита на медицинскиот персонал, кој лекува лица заразени од вирусот.

Федералниот центар за контрола и превенција на болести објави нови принципи, на кои инстистираа медицинските експерти, откако две медицински сестри во Далас заболеа од ебола.

Медициснкиот персонал ќе треба претходно да биде обучен за начинот на кој ќе го облекува и соблекува заштитното одело, кое треба да вклучува ракавици, непропистлив мантил, заштитна маска преку која се филтрира воздух и заштитна маска за лице и шапка за еднократна употреба.

– Ниту еден дел од кожата не смее да биде гол, изјави директорот на Федералната агенција, Томас Фридн. 

Би можело да ве интересира

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина