Центарот за истражување и анализи спроведе истражување на тема “Политичките ставови и размислувања на граѓаните на Р.Македонија” и е спроведена од 10 до 15 октомври на 1204 испитаници. Дел од анкетата е и слободата на медиумите.
На прашањето, „Сметате ли дека во Македонија постојат слободни медиуми?“ резултатите се следни.
21,4 % сметаат дека медиумите се под целосна контрола, 28,3 отсто мислат дека медиумите се самоцензуриираат, додека 32,7 % сметаат дека медиумите се делумно слободни а 17, 5 отсто се изјасниле дека медиумите се слободни.
ЦИА во истражувањето ги рангираше и политичките лидери и партиите. Најголема доверба од лидерите кај граѓаните според ЦИА има Никола Груевски со 30,3 %, додека претседателот на СДСМ, Зоран Заев има 8,6 отсто доверба кај граѓаните.
Кај политичарите од албанскиот блок најголема доверба според ЦИА ужива Али Ахмети со 10,6 отсто а претседателот на ДПА, Мендух Тачи 6,5 %.
20,6 отсто од анкетираните одговориле дека немаат доверба во ниеден а речиси 12% се изјасниле дека незнаат за кој да се одлучат.
Најголема доверба според ЦИА помеѓу партиите има ВМРО-ДПМНЕ со 28,6 отсто доверба, додека СДСМ ужива 10,5 %.
Во албанскиот блок пак ДУИ има речиси 10 отсто доверба кај граѓаните а ДПА 4,4 %.
Само пред две години ЦИА имаше слично истражување и во 2012-та пред јавноста презентираше анкета дека СДСМ според рејтингот е пред ВМРО-ДПМНЕ.
Тогаш ЦИА водејќи се од истражувањето кое го спроведе тврдеше дека доколу има избори таа година 26,3 % од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ својот глас би го дале 31,2 отсто од граѓаните.
Според истражувањето на ЦИА од 2012-та најголем рејтинг помеѓу политичарите тогаш имал Бранко Црвенковски или околу 32,2 отсто, додека Никола Груевски според ЦИА пред две години имал рејтинг од 27,3 %.