Светската здравствена организација (СЗО) прогласи денеска крај на епидемијата на ебола во Нигерија, по истекот на период од 42 дена без нови случаи на заболување од овој вирус.
– Епидемијата на ебола во Нигерија помина. Ова е голем успех, изјави претставникот на СЗО, Руи Гама Ваз на прес-конференција во нигерискиот главен град Абуџа.
Најнаселената африканска држава е пофалена поради брзиот одговор на еболата, откако инфицираниот либериски дипломат во јули го донесе вирусот во таа земја.
СЗО во петокот официјално прогласи и крај на еболата во Сенегал.
Во најновата епидемија на ебола починаа над 4.500 лица во западна Африка, претежно во Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне.