Теории на завера: Ебола е американско биолошко оружје?

Од:

Вирусот ебола освен што предизвика страв ширум, е причина и поради која се создадоа низа теории на завера. Либерискиот весник „The Daily Observer“ објави статија во која тврди дека вирусот не е медицинска катастрофа, туку дека станува збор за биолошко оружје, кое го создала американската војска со цел да ја намали популацијата на планетава.

На интернет се појави и приказна дека вирусот е направен во лаборатории на американскиот Центар за контрола на зарази и превенција (ЦДЦ), со цел да се дојде до што поголем профит од вакцината, која што тој центар ја создал во соработка со моќни фармацевтски компании. Се појави и класична теорија за нов светски поредок, односно дека елита од моќници го создале вирусот, со цел преку масовни карантини, да ги ограничат патувањата и со воведување вонредни состојби да завладеат со светот.

Пред неколку недели влијателниот американски радио водител, конзервативецот Раш Лимба, заедно со контроверзната коментаторка Лаура Инграхам, лансираа теорија дека американскиот претседател Барак Обама, во Африка испратил помош, за да го отстрани сопственото чувство на вина, поради ропството и колонизацијата на африканската држава Либерија.

Познатиот хип хоп пејач, Крис Браун неодамна на својот службен профил на „Твитер“, кој го следат 13 милиони луѓе објави дека епидемијата од ебола е еден вид контрола над популацијата. Мајкул Баркун, професор по политички науки на Универзитетот Сиракуз и автор на книгата „Култира на завери:

Апокалиптични визии на современа Америка“ вели дека теориите не мора да бидат вистинити, за да ни кажат нешто за нас и дека слободно може да се рече дека тие се своевиден израз за страв.

-Идејата дека здравствени лица со големи фармацевтски компании, свесно ја шират еболата , за да потоа ја лекуваат со цел да остварат добар профит, може да изгледа како добро сценарио за некој трејлер, но таа всушност е насочена кон вистинската состојба во нашето здравство – вели Марк Фенстер, професор на Универзитет во Флорида и автор на книгата „Теории на завери: Таинственоста и моќта во американската култура“.

Според него иако се уште нема докази за споменатата теорија, таа би можела да биде на работ на вистината.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски