Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер изјави дека Европската унија треба да ја разгледа можноста за испраќање своја цивилна мисија во западна Африка за помош во борбата против епидемијата на ебола.
На средбата со здравствените власти во Берлин, Штајнмаер изрази мислење дека ЕУ треба да дејствува побрзо и поефикасно и да даде свој придонес во битката против вирусот.
Според него, најмалку што може да стори ЕУ е да испрати мисија од експерти. Тој не изнесе никакви детали, туку само напомена дека таа мисија ќе послужи како платформа за испраќање на медицински персонал од земјите од ЕУ.
Штајнмајер изјави дека на денешната средба во Луксембург на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Унијата ќе бидат координирани нивните активности во пружањето помош во битката со еболата.
Билансот на жртвите од ебола досега достигна над 4.500 лица.