Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, ја посети џез работилницата која што се одржа во Средното музичко училиште „Илија Николовски –Луј“, во Скопје, соопшти Кабинетот на претседателот.
Работилницата која што е дел од Аполонија џез проектот е заедничка иницијатива што вклучува врвни џез познавачи и професионалци од целиот свет.
Соработници во годинешниот настан се Џез работилницата на музичкото училиште во Њујорк, Фондацијата Аполонија во Гевгелија, Институтот за проучување на европски мали држави во Монако, средното музичко училиште “Илија Николовски – Луј” од Скопје, џез одделот на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, и Скопскиот џез-фестивал.
„Аполонија џез проектот“ се состои од дводневен семинар, работилница, и настапи предводени од Марк Moмас од Њујорк џез работилницата (NYJW). Moмас ја развива „Аполонија џез работилницата“ за да ги запознае учениците и студентите по музика, со неговиот посебен стил на американска џез импровизација и теорија.
Студентите имаат можност да стекнат вредно искуство свирејќи со професионалци кои што учествуваат во овој настан, и заедно да истражуваат различни џез хармонични, мелодични и ритмички елементи.