Стефанов дебитираше со победа

Од:

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром предводен од новиот тренер Врбица Стефанов ја забележа втората победа во регионалната кошаркарска АБА лига. На дебито на Стефанов совладан беше унгарски Солнок со 74:58.

Кошаркарите на тимот од Аеродром натпреварот го почнаа резервирано, а истото се однесуваше и за гостинската екипа. На крајот од првата четвртина беа постигнати мал број поени (11:10). Поефикасно и максимално изедначено се играше во вториот период и на полувреме со отиде со 29:28 за МЗТ.

Во вториот дел очигледна беше желбата на „штрковите“ да го скршат отпорот на противникот. Евидентен беше различниот пристап во однос на претходните дуели. До израз дојде и ефикасноста. По 18:14 во третата четвртина, во последните десет минути МЗТ Скопје постигна 27 поени, а прими 16.

Најефикасни во домашниот состав беа Александар Цветковиќ и Ненад Зивчевиќ со по 14 поени. Цветковиќ запиша и седум асистенции, а за одбележување се и 13 скока на Овен Класен.

Во тимот на Шолнок најефикасен беше поранешниот кошаркар на МЗТ Стефан Синовец со 16 поени.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он