14-годишно девојче кое било во бесознание и со знаци на труење, испратено е како итен случај од гостиварската болница на скопските клиники, информираат од СВР Тетово.
Според првичните сознанија, девојчето во Ургентниот центар во Гостивар го донеле роднини. Тие на лекарите им кажале дека најверојатно девојчето се затруло со некаква хемиска супстанца.
Гостиварската полиција работи на расветлување на поединостите околу случајот, односно дали се работи за обид за самоубиство, ненамерно труење или нешто друго, информираат од СВР Тетово.