(ВИДЕО) СДСМ: Голем е бројот на ветени, а неостварени проекти на ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и по скоро две години од вториот мандат, не ги исполни основните дадени ветувања кон граѓаните на Крива Паланка.

Само да потсетиме, граѓаните сеуште ја чекаат изградбата на системот Станечка Река и ставањето во функција на фабриката за вода, изградбата на водоснабдителен систем за висока зона – Лев брег и населба Лозаново Десен брег, кое што власта на Никола Груевски го вети пред локалните избори.

Во с. Луке жителите се уште го очекуваат ветениот водовод. Не е исполнето ниту  ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за водовод во населените места Дрење и Б’с, но затоа пак сите заедно имаме покачени сметки за вода од 17 на 25 денари по м3.

Жителите на месноста Бојанов Дол се уште ја чекаат ветената фекална канализација уште од првиот мандат“, рече на денешната прес-конференција Борјанчо Мицевски, претседател на ОО СДСМ Крива Паланка.

„Неостварените ветувања на оваа власт ги оставија граѓаните од населените места во Крива Паланка без пристап до чиста вода за пиење и без канализација, во 21 век.

Ја нема ниту ветената спортска сала за учениците во ОУ Јоаким Крчоски, реконструкцијата на детската градинка Детелинка.

Нема ништо ниту од атлетската патека, доопремувањето и изградбата на трибините на градскиот стадион во Крива Паланка кои ги ветуваше ВМРО-ДПМНЕ.

Едно големо ништо и од ветената трим патека од Мотел “Македонија” до манастирот Св. Јоаким Осоговски.

Власта на Груевски потроши огромни суми народни пари за споменици, барок и бронза за „Скопје 2014“, а овде во Крива Паланка граѓаните ги немаат основните потреби за достоинствен и нормален живот.

Тоа покажува дека на ВМРО-ДПМНЕ поважни им се бизнис интересите на врвот на власта отколку решавање на проблемите на граѓаните“, вели Борјанчо Мицевски, претседател на ОО СДСМ Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања