Јавна благодарност од МЗТ до Сагадин

Од:

Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром преку соопштение му се заблагодари на поранешниот тренер Змагослав Сагадин за, како што наведуваат од таборот на „аеродромци“, вложениот труд и професионалноста која ја демонстираше додека ја извршуваше функцијата прв тренер на македонскиот кошаркарски шампион, а посебно што се откажа од финансискиот надомест кој му следуваше за предвремениот прекин на соработката.

– Стартот на сезоната кој што не ги донесе очекуваните резултати беше причината за прекинот на соработката, до кој што двете страни дојдоа спогодбено и со кој што се остави простор за промени со надеж дека ќе донесат подобри резултати во блиска иднина.  И покрај тоа што  имаше двогодишен гарантиран договор, Змаго Сагадин се реши за прекин на соработката без никаков финансиски надоместок кон него, се со цел да не биде дополнителен товар на МЗТ Скопје, што е навистина редок пример и за што клубот посебно му се заблагодарува. КК МЗТ Скопје Аеродром му посакува здравје и многу успех во неговата понатамошна кариера, стои во денешното соопштение од МЗТ Скопје.

Словенецот го предводеше МЗТ на четири официјални натпревари, три во АБА лигата и еден во домашното првенство. Забележа само една победа против Задар на домашен терен, а беше поразен од Мега и Будуќност во регионалната лига, како и од Фени Индустри во Првата лига.

На местото на Сагадин дојде Врбица Стефанов кој вечерва ќе го има своето деби во натпреварот со Шолнок.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он