Малезискиот министер за одбрана Хисамудин Хусеин денеска изјави дека нападите на американските и другите вклучени воздухопловни сили во исламската држава се „ неефективни ’’ и повика на заедничка акција на државите од југоисточна Азија, за да се спречи можното инсталирање на исламски калифат во ова подрачје.
Нагласувајќи дека ни една држава во регионот не ќе може сама да ги реши проблемите со милитантните муслимани, малезискиот министер за одбрана побара координирање на антитерористичките акции со Индонезија, Брунеј и Филипините.
Во овие држави, рече тој, разузнавачите трагаат по пропагаторите за врбување млади муслимани за учество во борбите во Ирак и Сирија, но не треба да се потценуваат се почестите најави дека се подготвува прогласување на исламски калифат и во овој дел на светот.