Обама одобри ангажирање резервисти и Национална гарда во борбата со епидемијата на ебола во Западна Африка

Од:

Американскиот претседател Барак Обама одобри Пентагон да може да ангажира резервисти и Националната гарда доколку биде потребно и тие да се вклучат во борбата против епидемијата на ебола во Западна Африка.

Официјален Вашингтон досега веќе се обврза дека во Западна Африка ќе испрати 4.000 припадници на својата армија за давање логистичка помош и помош при изградба на медицински објекти со цел спречување на ширењето на ебола. Белата куќа прецизира дека американските трупи нема да може да даваат директна медицинска помош за заболени.

Соопштенијата за нови случаи сомнителни дека се заболени од ебола се појавија во Европа со што се зголемија стравувањата дека мерките за спречување на ширење на вирусот на континентот се недоволни и дека се повеќе лекари и медицински сестри кои се грижат за болни од ебола пациенти се под закана од заразување, објавува Њујорк Тајмс.

Француските и шпански власти не потврдиле досега со сигурност дали некој од четворицата за кои е соопштено – се болни од ебола. Но, секој од случаите – еден во Франција и три во Шпанија, е откриена врска со можен извор на зараза. Тие информации ги обновија стравувањата дека постои опасност од зголеме број случаи на ебола во Европа. Европските здравствени власти повикаа на засилени проверки на луѓе кои ја напуштаат Западна Африка, но не презедоа конкретни решенија за справување со кризата освен што за следниот месец закажаа семинар за прашања поврзани со еболата, наведува Њујорк тајмс.

Ситуацијата со еболата претставува здравствен и политички предизвик за американскиот претседател Барак Обама, истакнува Вашингтон пост.

Обама откажа предизборни пројави, свика средби на високо ниво со главните советници за здравство и безбедност и имаше консултации со светски лидери. И сето тоа само во изминатите два дена, укажува весникот.

Но, сите тие напори не успеаја да ја смират американската јавност и да ја убедат дека опасноста е минато, ниту да спречат негативни политички реакции, одкои дел се од конгресмени на Демократската партија на Обама во време кога наближуваат избори, коментира весникот. Претседателот се обиде да негира дел од критиките на конгресмените кога објави дека е можно да назначи човек одговорен за акциите за справување со ситуацијата на федерално ниво, наведува Вашингтон пост.

– Епидемијата на ебола која зафати три држави и 15 се под закана, веројатно нема да запре додека светот не изработи вакцина против болеста, смета Петер Пиот еден од луѓето кои го открија вирусот на ебола.

Во изјава за Гардијан тој додава дека лесно да се совлада ширењето на вирусот ако ОН и луѓето кои се во Африка презеле брзи акции во почетокот.

Научникот кој учествувал во тимот кој ја пткрил првата епидемија од ебола во Заир (сега ДР Конго) во 1976 година рече дека ако ширењето на болеста не биде спречено во Либерија, Сиера леоне и Гвинеја, таа ќе зафати и соседни држави – Брег на Слоновата Коска, Мали, Гвинеја Бисао, истакнува во изјавата за Гардијан.

Би можело да ве интересира

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина