Авион на „Ер Франс“ денеска беше изолиран на аеродромот во Мадрид поради патник, за кој се претпоставува дека е заразен со ебола.
Патникот патувал од нигерискиот град Лагоса до Париз, а потоа со авион на „Ер Франс“ до Мадрид. Тој се пожалил на покачена телесна температура и пилотот го алармирал мадридскиот аеродром и здравствените власти.
Патникот е хоспитализиран на клиниката „Карлос Трети“ во Мадрид.