Се подготвува календарот на домаќини во Ф1 за 2013

Од:

Трките во Сингапур, Германија и Јужна Кореја плус новата гран-при во Њу Џерси се последните во комлетирањето на календарот за сезоната 2013 во Формула 1.

Привремените места и датуми беа доставени до тимовите на трката во Сингапур, од кои се побараа повратни информации пред официјалната потврда на ФИА.

Договорот со Сингапур истекува оваа година, најавата за продолжување на договорот за следната сезона се очекува во сабота. Гран-при трките во Јужна Кореја и Германија се со финансиски проблеми а исто така и гран-прито во Нирбургринг исто така е предмет на преговори, а трката во Њу Џерси беше додадена во средината на јуни.

Сезоната ќе почне на 17 март во Австралија, а ќе заврши на 24 ноември во Бразил.

Единствената трка што нема да се вози е Валенсија, која во следната сезона ќе биде заменета со Барселона како домаќин на шпанскиот ГП. Со тоа во Европа од 20 трки остануваат само седум.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он