Белгискиот премиер Елио ди Рупо беше нападнат со удар во лицето и раскрварен за време на посетата на Бриселскиот слободен универзитет.
Според првичните информации објавени од локалните медиуми, премиерот е добро и го прифатил инцидентот со насмевка.
Непознатиот напаѓач успеал да избега и се уште не е уапсен. Инцидентот се случил на паркингот на универзитетот, непосредно по излегувањето на Ди Рупо од својот автомобил.
Белгискиот премиер требал да присуствува на објавувањето на почетокот на новата академска година.