Во Будва средба на министерот Јолевски со неговите колеги од Турција и од Црна Гора

Од:

СЕДМ процесот претставува модел на успешна соработка на земјите во регионот и пошироко и прерасна во моќна алатка за воспоставување и продлабочување на соработката во одбраната, одржување на мирот и демократскиот развој на регионот, истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски во рамки на Сеопфатниот регионален состанок на министрите за одбрана на Југоисточна Европа (СЕДМ) што се одржува во Будва, Република Црна Гора.

Примарна задача на сите земји кои се дел од СЕДМ процесот, потенцира Јолевски, е да ја продолжат својата заложба за натамошен развој и поефикасен придонес за флексибилен одговор на сите безбедносни промени и предизвици во регионот и пошироко.

Регионалната соработка, според него, има голем потенцијал за заеднички развој на одбранбените способности и можности за соработка во однос на заедничка обука и едукација, вежби, проекти и учество во меѓународни операции.

На денешниот СЕДМ состанок, соопшти денеска МО, бил потпишан Договорот за локација на штабот на Бригадата на Југоисточна Европа (СИБРИГ)  и на клучниот персонал за периодот од 2015 до 2035 година.

За време на конферeнција во Будва, македонскиот  министер Јолевски имаше одвоени билатерални средби со министерот за национална одбрана на Република Турција, Исмет Јилмаз и со министерката за одбрана на Црна Гора, Милица Пејановиќ Ѓуришиќ.

На средбата министрите Јилмаз и Јолевски констатирале дека билатералните односи меѓу Македонија и Турција се одлични, за што се доказ се редовните средбите на највисоко ниво. Соработката меѓу овие две држави, било подвлечено, во областа на одбраната е на исклучително високо ниво.

Министерот Јилмаз истакнал дека Турција целосно ја поддржува интеграцијата на Македонија во НАТО и оти за поканата за членство не треба да се чека надминувањето на разликите околу името со Грција. Тој нагласил  дека Македонија ги исполни уште во 2008 година сите улови за членство во НАТО и треба што поскоро да го добие заслуженото место. Министрите Јилмас и Јолевски потпишале Договор за финансиска соработка меѓу Република Турција и Република Македонија.

На средбата со министерката Пејановиќ-Ѓуришиќ, било разговарано за евроатланските интеграции на Македонија и Црна Гора и  бил потпишан Анекс на Протоколот за соработка во областа на воената обука со која ќе се создаде услови за обука на пилоти од Црна Гора во тренинг центарот во Македонија.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната