Тимот на Ред Бул не му дозволи на Себатсијан Фетел да одржи тестирање на болидот Ферари, нова екипа на германскиот возач.
– Фетел се уште е наш возач и не му дозволивме да тестира болид на Ферари. Тоа може да го стори кога ќе му заврши договорот со нас, а тоа е пет дена по крајот на последната трка сезонава, односно 28 ноември. Дури тогаш тој ќе може да тестира болиди на други екипи, соопштија од Ред Бул.
Ферари се уште официјално не го потврдил Фетел како нивни возач за следната сезона. Во план им беа пост сезонски тестови со Фетел во Абу Даби, но за сега нема да има пробни возења.