(ВИДЕО) СДСМ: Македонија е на пат да стане пералница на пари

Од:

„По јасните критики и од Венецијанската комисија за уставните измени што ги иницираше Владата, СДСМ бара власта веднаш да ја прекине постапката за уставни измени и да ги повлече предложените уставни амандмани.

Венецијанската комисија јасно порача дека недостига политички амбиент за реформа на Уставот. Уставни измени не треба се носат кога опозицијата не е во Собранието. За измени на Уставот е потребна најширока политичка поддршка.

Венецијанската комисија ги оцени како лоши и неквалитетни речиси сите предложени уставни амандмани од страна на власта, а  дел ја оддалечуваат Македонија од европските вредности“, изјави на денешната прес-конференција Рената Дескоска, претседателка на Комисијата за правда, СДСМ.

„Најсериозните забелешки се однесуваат на воведувањето т.н. меѓународна финансиска зона.

Како што укажува Венецијанската комисија, со ваквиот уставен амандман “постои потенцијален ризик дека зоната ќе стане рај за “нечисти пари”.

Ова сега не го говори СДСМ. Ова, најјасно и најдиректно го констатира Венецијанската комисија!

Комисијата практично предупредува дека Македонија е на пат да стане пералница на пари, дека како што вели и експертската јавност, оваа зона ќе стане “држава во држава”.

Овој уставен амандман го загрозува единството на државата и ги лишува граѓаните на Република Македонија од суверенитетот над дел од нејзината територија.

Венецијанската комисија укажува дека нема потреба од ваков уставен амандман што НЕ Е во согласност со европското уставно наследство.

Ние сметаме дека токму овој амандман е мотивот на власта за уставните измени.

СДСМ за евентуални идни уставни измени бара широка експертска анализа и општествена и политичка дебата.

Како што укажува Венецијанската комисија, за воведување одредени уставни измени потребен е подолг подготвителен период, како што на пример, на воведувањето на уставната тужба во Турција, му претходеше подготовка од две години.

Устав не се менува на трчање.

Македонија е ставена пред јасен избор: или ќе продолжи на патот да стане пералница на пари или ќе се врати на европските вредности.

Би биле искрено изненадени доколку Владата ги одбере европските вредности“, рече Дескоска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време