Македонските претставници во БИБЛ лигата Кожув и Куманово денеска ќе почнат со натпреварите во новата сезона од ова натпреварување.
Гевгеличани на стартот на домашен терен ќе играат со Морнар од Бар. Почетокот на натпреварот е во 19 часот.
Куманово првиот дуел го игра во Пеќ против истоимената домашна екипа. Почетокот на овој натпревар е во 19 часот и 30 минути.
Инаку, вчера се одиграат првите два натпревара Сигал Приштина – Влазнија 85:59 и Рилски спортист – Сутјеска 78:68.