Кери: Русите се повлекуваат од Украина

Од:

Руските трупи се повлекуваат од Украина и пограничните подрачја, изјави американскиот државен секретар Џон Кери по разговорот со својот руски колега Сергеј Лавров, нагласувајќи дека се работи за еден од критериумите за укинување на санкции.

-Единиците се повлекуваат, тешката опрема мора да биде повлечена и границата треба да се контролира и обезбеди- изјави Кери, откако претходно рускиот претседател Владимир Путин најави повлекување на руските единици распоредени на границата со Украина.

-Постојат четири или пет услови кои треба да се почитуваат за укинување на санкциите, ослободување на заложниците, повлекување на единиците и опремата, почитување на границата под закрила на Организацијата за безбедност и соработка во Европа -нагласи Кери.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се обиде да го убеди Кери дека санкциите се дополнителна причина за напнатост во односите помеѓу САД и ЕУ.

Тој го обвини американскиот претседател Барак Обама дека ја принудил ЕУ да усвои санкции против Русија и дека поради тоа руското стопанство е на раб на рецесија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на функционер во Русија, тројца мртви

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин