Здравствениот синдикат во Либерија објави синоќа дека го прекинува националниот штрајк со кој стотици заболени од ебола беа без медицински третман.
– Добивме повици од целиот свет да го прекинеме штрајкот, изјави генералниот секретар на синдикатот Џорџ Вилијамс.
– Религиозни и политички лидери, Либеријци од дијаспората како и меѓународната јавност не повикаа да мислиме за нашите болни браќа и сестри. Ние ги послушавме нивните повици, додаде тој.
Во понеделникот здравствените работници во Либерија упатија закани дека ќе ги остават стотиците пациенти без медицинска грижа ако не се исполнат нивните барања за подобри услови за работа, заштитни тимови и зголемени плати. Тие протестираат дека продолжуваат да работат без основно заштитна облека и не добиваат адекватни компензации како и дека многумина се заразиле и починале од болеста.