Обама со Бан и Оланд повикаа за зајакнување на напорите за справување со еболата

Од:

Американскиот претседател Барак Обама и Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изразија согласност дека меѓународната заедница мора да ги зајакне напорите за справување со еболата, соопшти Белата куќа.

Обама и Бан истакнале дека меѓународната заедница мора да ги зголеми напроите и решително да пристапи кон решавање на кризата.

Според американскиот претседател земјите членки на ОН треба да го поддржат апелот на организацијата и обезбедат персонал и опрема неопходни за справување со епидемијата.

Истиот став е изнесен и во одвоен телефонски разговор меѓу Обама и францускиот претседател Франсоа Оланд. Двајцата претседатели истакнале дека е неопходно зголемување на мобилизацијата на меѓународната заедница и Европската унија, во блиска соработка со ОН, Светската здравствена организација и заинтересираните држави, се наведува во сопштението на канцеларијата на францускиот претседател.

Од Ебола годинава загинаа над 4.000 луѓе, а најтешко погодени се африканските држави Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

Би можело да ве интересира

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина