Жителите на индонезискиот град Соло масовно си избричија мустаците, откако беше објавено дека нивниот градоначалник Џоко Видодо победил на изборите за гувернер на Специјалниот округ Голема Џакарта.
За време на предизборната кампања главниот противкандидат на Видодо, Фаузи Боуо, ги употреби мустаците, како свој забележителен знак, за да се разликува од својот помлад противник.
Тој користеше пароли како „Гласајте за мустаците“ и плакати, на кои беа нацртани мустаци.
Во градот Соло приврзаници на избричениот Видодо ги извадија бричевите веднаш по објавувањето на резултатите од излезните анкети.