Геoргиев: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги вовлекуваат децата во валканите игри

Од:

„ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ продолжуваат со меѓусебните натегања и препирки, кои овојпат се преселија во училиштата во скопски Аеродром, но и во Чаир и Сарај. Откако градоначалникот на Аеродром Коневски ги примора учениците Албанци од повеќе паралелки да учат во една училница, сега истото, како одговор го најавуваат и градоначалниците на Чаир и Сарај“. Ова го изјави потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев според кого ова е срамна игра на двете партии, во која нивниот реваншизам и политичките препукувања паѓаат врз грбот на граѓаните.

„ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ бескрупулозно ги вовлекуваат децата во нивните валкани игри и наместо да ги решаваат проблемите, постојано ги продлабочуваат, обидувајќи се да и вратат на другата страна.
Иако седат заедно во власта, ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ на терен ги разгоруваат меѓуетничките тензии. Тие се натпреваруваат во тоа кој да направи поголема пакост, сега веќе ставајќи ги децата во центарот на нивните расправии. Ваквите провокации и реваншистички потези не се нови, но се многу опасни, затоа што директно ги загрозуваат меѓуетничките односи и стабилноста на државата“, рече Георгиев.

Тој кажа дека ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ го прават ова затоа што немаат решение за катастрофалната состојба во која самите ја доведоа државата.

„Тие немаат одговор на прашањата за растечката сиромаштија и невработеност, постојаните поскапувања на основните продукти, растурената економија, колабираното здравство, рецесијата“, рече Георгиев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски