Британецот Луис Хамилтон е победник на руско Гранд при, во рамките од Формула 1 шампионатот.
Пилотот на Мерцедес, Хамилтон со супериорно возење прв ја мина целната рамина на патеката во Сочи, каде за прв пат се возеше трка за Големата награда на Русија.
Веднаш зад него трката ја заврши неговиот клупски колега и ривал за шампионскиот трофеј Нико Розберг.
Место на пиедесталот имаше и за возачот на Вилијамс, Валтери Ботас кој заврши како трето пласиран.
На три трки до крајот на шампионатот, во генералниот поредок води Хамилтон кој сега има 18 бодиви повеќе од клупскиот колега Розберг.