Во Куманово акција за кастрење дрвја на јавни површини

Од:

Екипи на ЈП „Чистота и зеленило”, започнаа со интензивно кастрење на дрвјата на повеќе улици во Куманово ,опфаќајќи го централното градско подрачје.

Акцијата, како што информира директорот на претпријатието Сашо Петрушевски, се спроведува во соработка со кумановската подружница на ЕВН. Дневно се изнесуваат 15-тина трактори со суви гранки и дрвја. Дел од собраниот смет се изнесува на депонијата „Краста“, додека дел се складира во претпријатието.

– Оваа активност произлегува пред се од потребите на граѓаните, но и поради потребата на ЕВН. Овие гранки пречат и на граѓаните и при непречено одвивање на сообраќајот. Станува збор за суви гранки кои се кастрат и во даден момент можат да направат проблеми, затоа се насочивме, првин кон централното градско подрачје, а потоа дисперзивно ќе се шириме кон приградските населби и периферијата, вели Петрушевски. Во еден дел од акцијата, најави директорот на претпријатието, договорена е и соработка со СВР Куманово во делот на сообраќајот,кој на одредени улици и булевари ќе биде сопрен на одреден временски период.

– Екипите излегуваат на терен согласно предвидената динамика, но и по барање на граѓаните.Се кастрат крошните онаму каде што се оневозможува прегледноста во сообраќајот, каде што дрвјата се стари со исушени гранки, каде се попречува светлината од уличните светилки, кои предизвикуваат проблеми при непречено снабдување со електричната енергија, вели Петрушевски.

Акцијата е обемна, ги опфаќа сите дрвореди во Куманово на јавните површини. Ќе трае два месеци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско