А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Поддршка од турските студенти на Штипскиот универзитет за граѓаните на Кобане

by А1он11/10/2014 - 16:44302
Share0

Педесетина студенти од Турција кои студираат на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип денеска на Градскиот плоштад во Штип додоа поддршка на граѓаните на сирискиот град Кобане, кои веќе 27 дена се под закана на терористите од Исламската држава.

Следете a1on на Instagram Instagram

Студентот Мерул Акин на македонски јазик упати апел до меѓународната заедница и Турција да се заложат и да престанат злоделата во сирискиот град Кобане.

– Терористичката група на ИД дава лоша слика кога е во прашање исламот, што воопшто не е точно. Поради нивните злодела, секојдневно умираат илјадници невини граѓани. Затоа, со овој проглас упатуваме јавен апел до целиот свет да се заложи да им застане на патот на  терористите и да им каже стоп за нивните злодела, рече Акин.

Студентите прогласот го прочитаа на турски јазик, а воедно скандираа „Да живее Кобане, да живеат неговите граѓани“. Покажаа и вознимирувачки фотографии на кои се гледаат масакрите кои ги направиле терористите на ИД. Поголемиот дел од студентите кои денеска беа на штипскиот градски плоштад рекоа дека се Курди, како што се и поголемиот дел од граѓаните на Кобане.

idstipstudenti

Би можело да ве интересира

Левица: ВМРОвскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите

Горан Наумовски23/07/2026 - 15:10

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Катерина Ѓуровски22/07/2026 - 12:46

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Горан Наумовски19/07/2026 - 16:44

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он04/07/2026 - 20:0904/07/2026 - 20:10

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Горан Наумовски21/06/2026 - 12:32

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски18/06/2026 - 14:2018/06/2026 - 14:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео