Британецот Луис Хамилтон ќе ја има првата позиција на стартот на утрешното руско Гранд при, во рамките од Формула 1 шампионатот.
Возачот на Мерцедес, Хамилтон оствари најдобро време на денешните квалификации возени на патеката во Сочи, каде за прв пат утре ќе се вози трка за Големата награда на Русија.
Веднаш зад него во првиот стартен ред ќе биде неговиот клупски колега и ривал за шампионскиот трофеј Нико Розберг.
Од вториот стартен ред трката ќе ја започнат, возачот на Вилијамс, Валтери Ботас и Британецот Џенсон Батон од Мекларен.
На четири трки до крајот на шампионатот, во генералниот поредок води Хамилтон со 266 бодови, само 10 повеќе од клупскиот колега Розберг. По нив следуваат возачите на Ред Бул, Рикардо со 193 и Фетел со 139 бода.
Трката за Големата награда на Русија, ќе се вози утре, а стартот е во 13 часот.