А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична за скопски деликвент кој извршил десет кражби

by А1он11/10/2014 - 12:40144
Share0

СВР-Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.С. (19) од Скопје поради основано сомнение за извршени 10 кривични дела – една кражба, три тешки кражби и шест тешки кражби во обид, при што стекнал противправна имотна корист од 389.360 денари.

Следете a1on на Instagram Instagram

На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Како што соопшти МВР, М.С. кривичните дела ги извршил во периодот од почетокот на јуни до средината на август годинава на подрачјето на Центар, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош. Со употреба на физичка сила, со помош на подесен алат и со прекачување влегувал во домовите, претурал и пребарувал при што одзел еден пиштол „Црвена Застава“ калибар 7,65мм, рамка со пет куршуми, една празна рамка за истиот пиштол,  мобилни телефони различни  марки, еден телевизор, златен накит (прстени, ланци, привезоци, обетки) златници со различни  ликови, разна бижутерија, машки и женски часовници, девизи (евра), денари  и други предмети.

По извршувањето на кривичните дела М.С. украдените предмети ги продавал на Бит Пазар и на пазарот под Кале (пиштолот заедно со куршумите и рамките го продал на непознато лице на Бит Пазар за 100 евра) украдените евра ги заменувал во менувачница на влезот од Скопската чаршија, додека  добиените пари ги потрошил за купување опојни дроги и за други лични потреби.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во разговор со полицијата целосно ги признал делата и го опишал начинот на нивното извршување.

Против М.С. од 2011 до 2014 година се поднесени осум кривични пријави од областа на имотните деликти.

krazbamvr

Би можело да ве интересира

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

Горан Наумовски15/07/2026 - 16:53

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 08:5415/07/2026 - 12:36

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он13/07/2026 - 14:4813/07/2026 - 14:46

Син уби татко во Скопје

А1он13/07/2026 - 10:5813/07/2026 - 10:47

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски09/07/2026 - 10:1009/07/2026 - 10:14

Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Катерина Ѓуровски07/07/2026 - 11:0207/07/2026 - 11:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео