Хотелот „Супер 8“ и денеска под карантин

Од:

Хотелот „Супер 8“ во кој престојуваше Британецот кој вчера почина на Инфктивната клиника во Скопје, за кој постои сомнение дека бил заболен од ебола и денеска е под карантин.

На гостите и вработените кои имале контакт со починатиот забранет им е излез од хотелот. А таму е и медицински тим од лекар, епидемиолог и медицинска сестра што се грижат за лицата кои се под карантин.

Утрово се беше нормално пред и околу хотелот. Метеж на автобуската постројка кај Мавровка, која беше преполна со граѓани кои ги вршеа своите тековни работи. Единстевно што укажуваше дека нешто се случило во овој хотел беше зголеменото полициско обезбедување пред хотелот, кое не дозволуваше минувачи да се доближат до влезот.

DSC_9131

DSC_9130

DSC_9127

DSC_9128

Би можело да ве интересира

Бројот на лица за кои постои сомневање дека се заразени со ебола се зголеми на 1.028

Бројот на смртни случаи од ебола расте: СЗО прогласи вонредна состојба

Америка воведува итни мерки поради загрижувачкото ширење на еболата: „Ќе има хаос и конфузија“

На Деве Баир пристигнале 542 аџии, другите се очекуваат викендов

Ана Ололовска

Ебола не е причина за смртта на Британецот, карантинот укинат

Ана Ололовска

Британецот не бил во земји каде што има ебола

Ана Ололовска