ВИДЕО: Што се случува кога во авион ќе се пошегувате дека имате ебола

Од:

Шегата на еден американски патник на лет од Филаделфија до Доминиканската Република, предизвика паника меѓу патниците и екипажот и доведе до карантин на авионот, поради што излегувањето на патниците од леталото беше одложено за повеќе од еден час, јави Фокс Њуз.

– Јас бев во Африка, извикал неидентификуван патник пред авионот од Филаделфија да селат во Пунто Кан. Во првите извештаи на доминиканските медиуми пишуваше дека патникот извикал: „Јас имам ебола“.

Неговиот извик предизвикал паника и кога авионот слетал биле преземени бебзедносни мерки. Во авионот влегле медицинските работници во посебни одела и го одвеле мажот на тастирање, додека тој викал дека само се шегувал.

За време на летот мажот кашлал, но набрзо утврдено е дека нема покачеан температура, што е клучен симптом на ебола во рана фаза.

Во меѓувреме на интернет се појави видео од авионот на кое е прикажано како мажот го изнесуваат од авионот и како вика: „Јас не сум од Африка“.

Пред тоа може да се слушне и како стјурадеса преку разглас ги смирува патниците: „Ова ви го кажувам сосема јасно. Смирете се, затоа што навистина мислам дека човекот е идиот.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски