Мавровка под карантин – Не се дозволува влез и излез

Од:

Откако денеска почина пациент на Клиниката за инфективни болести, а во Македонија бил сместен во хотел во скопскиот трговски центар „Мавровка“, таму има засилено полициско присуство, присутни се и здравствените власти, а забрането е и приближување до хотелот.

Засега нема прецизни информации дали тој починал од ебола, но бил хоспитализиран со симптоми слични на оваа болест. Исто така, на Клиниката се наоѓа и неговиот пријател со кој заедно дошле во Македонија, кој се третира.

Целиот персонал на хотелот, како и медицинскиот персонал кој бил во контакт со починатиот Британец, се наоѓа во карантин.

Евакуирани се и гостите од хотелот, кои се препратени на лекарски преглед.

Наводно, лица во скафандери пред одредено време влегле во хотелот, но засега нема потврда за оваа информација.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски