Активното учество на помошникот американски државен секретар Викторија Нуланд во дијалогот на Киев и проруските сили не би било корисно, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Не сакам да коментирам изјави на Викторија Нуланд која во Стејт департментот е задолжена за европски прашња. бидејќи таа одигра многу штетна улога во сите фази од украинската криза, изјави Лавров.
Тој додаде дека верува оти нејзиното учество во тој процес не би било од корист за постигнување цел, кон којa сите се стремат, а тоа е обезбедување траен мир и почеток на политички дијалог.
Според податоци на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашaња, од почетокот на судирите на исток во Украина до крајот на септември загинале 3.627, а ранети се 8.447 луѓе.