ЛП: Извештајот на ЕК јасно укажува на општата опасност по македонските финансии и економија

Од:

„Извештајот на ЕК јасно укажува на општата опасност по македонските финансии и економија – загрижувачкото и перманентно зголемување на државниот и јавниот долг што ја доведува во прашање одржливоста на македонската економија.

ВМРО-ДПМНЕ континуирано се обидува да се утеши со констатацијата дека долгот е „умерен“.

Но, стопроцентниот пораст на долгот на Владата денес во однос на 2008 (20,6% на крајот на 2008, 40,8% денес) нотиран и во Извештајот покажува дека и за ЕК е јасно дека галопирачкото задолжување (заедно со долгот на општините 49% од БДП)реално се заканува да ја парализира и македонската економија, но и функционирањето на државната управа и локалната самоуправа.

Бидејќи Владата не презема мерки за намалување на динамиката на задолжувањето, туку со своите мерки ја забрзува, доколку Владата на ВМРО-ДПМНЕ остане на власт до крајот на мандатот, ќе стане неизбежно задолженоста да надмине 60% од БДП. Имајќи предвид дека најавените уставни измени го дефинираат овој праг, затворањето на ушите од татнежот на овие поразителни движења што сега го прават и премиерот Груевски, и вице-премиерот Ставрески и гувернерот Богов може да значи две работи:

–          Дека е смислено сценарио за создавање неизбежната пролонгирана економска, финансиска и социјална драматична криза по заминувањето од власт на ВМРО-ДПМНЕ или

–          Дека тие немаат капацитет да ги согледаат последиците што ги произведуваат.

Бидејќи ЛП не го потценува нивниот интелектуален капацитет, го извлекуваме заклучокот дека опасноста по македонската економија и држава произлегува од малигната политика на ВМРО-ДПМНЕ.

За Либералната Партија назадувањето во судството, медиумите, одвоеноста на државата од партијата на власт, отсуството на политички дијалог… се дополнително нотирање на задачите за Владата и сите политички субјекти. Прв чекор, притоа, е напуштањето на праксата на ВМРО-ДПМНЕ и неговите медиумски сателити да го користи извештајот за дневно-политички трик-пресметки со опозицијата. Сите ја носат одговорноста, а мнозинската одговорност ја ности власта“, се вели во соопштението на ЛП.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Горан Наумовски

Трамп бара од ЕУ да ги зголеми царините за Индија и Кина на 100 отсто

Калас: Путин нема да застане освен ако не биде принуден

Орбан: Европа мора да оди во Москва за безбедносен договор со Русија

Борел, Верхофштат и Руиз Девеса: Европа станува вазал на Америка

На 16 септември и 2 октомври Албанија ќе ги отвори двете последни преговарачки поглавја со ЕУ

А1он