Австралиски авиони ги извршија првите воздушни напади во Ирак

Од:

Австралиски воени авиони ги извршија првите напади врз вооружените џихадисти од групата Исламска држава во Ирак, соопштија денеска Вооружените сили на Австралија.

Минатата недела премиерот на Австралија Тони Абот најави дека австралиски специјални сили ќе бидат распоредени во Ирак и дека нејзини авиони ќе се вклучат во воздушните напади.

Во текот на мината ноќ австралиските авиони стационирани на Блискиот Исток ја напднаа својата прва цел, се наведува во соопштението. Две бомби биле фрлени од авион „Ф/А-18Ф Супер хорнет“, по што сите летала ја напуштиле зоната на бомбардирањето и се вратиле безбедно во својата база, се додава во соопштението.

Речиси две недели САД ја бомбардира Исламската држава, но и позициите на други групи во Сирија, а со помош на арпаските сојузници нанесуваат удари и врз цели на Ирак уште од август.

Во неделата Австралија започна да ги спроведува воздушните операции во Ирак, но сепак нејзините авиони не досега неучествуваа во напади врз вооружената милитнатна група поради стравување дека при тоа може да загинат и цивили.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски