Иако се приближува кон шестата деценија од животот, познатата манекенка Синди Крафорд покажа дека годините се само бројка.
На неа во текот на едно интервју и е поставено прашање на кое сите секогаш со нетрпение го исчекуваат одговорот – во што се крие тајната на добриот изглед на зрели години?
– Тајната е во тоа што нема тајна, одговори Синди.
– Правете го се она што на сите нас ни е добро познато – оставете ги цигарите, наспијте се, пијте многу вода и правете работи кои ве чинат среќни, објасни манекенката.
Нејзиниот совет само го потврди она што претходно го изјавија некои нејзини колешки – тајната на добриот изглед на било која животна возраст лежи во тоа својот живот да го живеете најдобро што можете.