Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Стар Дојран ќе има средба со заменик-претседателот на Владата на Република Турција Нуман Куртулмуш.
Претседателот Иванов и вицепремиерот Куртулмуш ќе го посетат село Дедели, општина Валандово, каде ќе биде отворен обновениот плоштад, донација од Турската агенција за соработка и координација – ТИКА.